13.01.2010

Политиката и медиумите

ВОВЕД

Појдовната премиса во овој труд е бурниот рзвој на односот политика-медиуми, а во исто време, не само недефинираната, туку и во потполност искривената релација помеѓу овие, навидум, одвоени сфери, видлива не само од страна на новинарскиот еснаф туку и од пошироката општествена заедница.

Всушност оваа анализа е поттикната од, многукратно повторените критички интонирани извештаи на разните мониторинзи за состојбите во сферата на правата и слободите на граѓанинот (демократијата воопшто!) во Република Македонија. Од друга страна практицирањето на политиката кон радикални исходи не само што резултираше со целосна дегенерација на медиумската професија, особено нејзината реторика, туку сè на сè, состојбите веќе стануваат загрижувачки, а според некои оценки и опасни по општото здравје на општеството. Состојбите се доведени до ниво на отворена закана за демократијата, а не постои поиндикативно место за дијагностицирање за здравјето на заедницата, од она што се нарекува медиум, односно медиумска сфера.

повеќе

10.04.2008

Анализа за спроведување и буџетирање на политики

Како една од основачите членки на коалицијата „Чувари на јавното ќесе“ Форум-ЦСРД се залага за транспарентното трошење на јавните средства и за зајакнувањето на свеста за важноста на програмското буџетирање. Во рамките на таа коалиција изработивме анализа за спроведувањето и буџетирањето на политиката за соодветна и правична застапеност на немнозинските заедници (во соработка со ЦРПМ и АРКА Консалтинг). (Н. Сталевски)

Анализа за правична застапеност (pdf)

16.11.2007

Меѓу Охрид и Дејтон: Иднината на македонскиот рамковен договор

Sudosteuropa

Редакцијата на списанието Sudosteuropa Mitteilungen во издание на Sudosteuropa-Geselllschaft), во четвртиот број (за 2007), ја објави анализата под наслов “Меѓу Охрид и Дејтон: Иднината на македонскиот рамковен договор” од Сашо Орданоски, програмски директор на Форум-ЦСИД и Александар Матовски, директор за истражувања во Форум-ЦСИД. Анализата нуди комапаративна анализа на предностите на Охирдскиот договор и испитува дали моменталната политичка динамика ќе му дозволи на меѓуетничкиот мир во македонија да ја задржи својата моментална форма или ќе има потреба да еволуира во поригиден квази федерален модел.