Од 28 јуни до 2 јули, во Стразбур се одржа традиционалниот Летен универзитет за демократија, организиран од Советот на Европа, со поддршка на Европската унија, Владата на Франција и локалните заедници на регионот Алзас и градот Стразбур.
03.06.2010Од 3-6 јуни, во Хотелот Сириус во Струмица, се одржа втората сесија на Школата за политика во Република Македонија, генерација 2009/2010. Четиридневниот семинар беше посветен на генералната тема: Идентитет - прашања и предизвици во мултиeничката поставеност на општеството.
Втората сесијата на Школата за политика ја отвори Д-р Франсоа Фара, Претставник на УНФПА за Романија и Директор за земјите Македонија, Молдавија и Србија со исклучително инспиративното предавање на тема: Социјална инклузија и социјални политики.
Слушателите имаа прилика да чујат интересни аспекти и размислувања за теми како: национален идентитет; етнички идентитет; Евалуација на националните приоритети на Република Македонија; Евро атлантските интеграции и одржувањето на мултиетничкиот модел; Дипломатија; Важноста на говорничките вештини во дефинирањето на харизматичниот лидер; Културни политики во меѓуетничките општества; Етничката димензија во новинарското известување и други.
Свои предавања на сесијата имаа: Проф. Д-р Ферид Мухиќ, Проф. Д-р Љубомир Фрчкоски, М-р Анастас Вангели, М-р Катерина Кус-Иванова, Зоран Бојаровски, М-а Жарко Трајановски, Јон Ивановски, Петар Арсовски, Роберт Алаѓозовски, М-р Сефер Тахири и М-р Билјана Секуловска. Сесијата се одвиваше во исклучително вибрантен и позитивен дух и беше одлична прилика за слушателите на Школата за политика интензивно да ги артикулираат своите ставови, да дискутираат на различни теми и да стекнат знаења кои ќе можат да ги применат во своите сфери на живеење и делување.
20.10.2009Почитувани,
Во периодот од 15-18 октомври во Охрид, се одржа првата сесија на новата генерација на слушатели на Школата за политика, на генералната тема: Основните принципи на политичката култура. Оваа академска 2009/2010 година, Школата за политика брои 37 слушатели селектирани според строгите критериуми на Советот на Европа. На оваа иницијална сесија тие се запознаа меѓу себе и за време на сесијата разменуваа искуства и размислувања на актуални теми. Воедно имаа прилика и да проследат предавања од врвни македонски и странски предавачи на теми како: Македонскиот политички контекст, Извештајот на Европската комисија за РМ, Улогата на лидерите во политичките партии, Мултикултуризам, Медиумите како средство за политичка комуникација, Значењето на граѓанскиот концепт и др.