06.07.2010

Во Стразбур се одржа Летниот универзитет за демократија 2010

Од 28 јуни до 2 јули, во Стразбур се одржа традиционалниот Летен универзитет за демократија, организиран од Советот на Европа, со поддршка на Европската унија, Владата на Франција и локалните заедници на регионот Алзас и градот Стразбур.

Повеќе

10.06.2010

ДЕБАТА ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ЦИВИЛНИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Форум Центарот за стратегиски истражувања и документација и Прогрес Институтот за социјална демократија на 9 јуни 2010 година организираа дебата на тема: "Состојбите во цивилниот сектор и неговата улога во креирање на општествените текови во Република Македонија".

Повеќе

08.06.2010

Се одржа втората сесија на Школата за политика

Од 3-6 јуни, во Хотелот Сириус во Струмица, се одржа втората сесија на Школата за политика во Република Македонија, генерација 2009/2010. Четиридневниот семинар беше посветен на генералната тема: Идентитет - прашања и предизвици во мултиeничката поставеност на општеството.

Втората сесијата на Школата за политика ја отвори Д-р Франсоа Фара, Претставник на УНФПА за Романија и Директор за земјите Македонија, Молдавија и Србија со исклучително инспиративното предавање на тема: Социјална инклузија и социјални политики.

Слушателите имаа прилика да чујат интересни аспекти и размислувања за теми како: национален идентитет; етнички идентитет; Евалуација на националните приоритети на Република Македонија; Евро атлантските интеграции и одржувањето на мултиетничкиот модел; Дипломатија; Важноста на говорничките вештини во дефинирањето на харизматичниот лидер; Културни политики во меѓуетничките општества; Етничката димензија во новинарското известување и други.

Свои предавања на сесијата имаа: Проф. Д-р Ферид Мухиќ, Проф. Д-р Љубомир Фрчкоски, М-р Анастас Вангели, М-р Катерина Кус-Иванова, Зоран Бојаровски, М-а Жарко Трајановски, Јон Ивановски, Петар Арсовски, Роберт Алаѓозовски, М-р Сефер Тахири и М-р Билјана Секуловска. Сесијата се одвиваше во исклучително вибрантен и позитивен дух и беше одлична прилика за слушателите на Школата за политика интензивно да ги артикулираат своите ставови, да дискутираат на различни теми и да стекнат знаења кои ќе можат да ги применат во своите сфери на живеење и делување.

07.05.2010

Трибина со бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов во организација на Форум ЦСРД

ТРЕБА ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ИДНИНАТА, А НЕ ЗА МИНАТОТО

Во организација на Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација и Охрид Институтот за економски стратегии и меѓународни односи на 6 мај 2010 година се одржа трибина со бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов, на тема Европските перспективи на Западен Балкан. На овој неформален состанок присуствуваа бројни претставници на општествениот и политичкиот живот на Македонија и претставниците на амбасадите и дипломатските претставништва во државата.

Повеќе

25.02.2010

"5 до 12 за Евроинтеграции: Што останува да се направи?"

Форум Центар за Стратегиски истражувања и документација и Европскиот фонд за Балкан во соработка со Gallup Europe организираше јавна расправа "5 до 12 за Евроинтеграции: Што останува да се направи?" во Скопје, на 24.02.2010 во ЕУ Инфо Центар.

Јавната расправа беше отворена со краток вовед од страна на Ms. Hedvig Morvai-Horvat, директор на Европскиот фонд за Балкан. Резултатите за нашата земја беа презентирани од страна на Mr. Robert Manchin, Gallup Europe. Овие наоди потоа беа дискутирани на панел дискусија од страна на Амбасадорот Ерван Фуере; г-дин Ѓунер Исмаил, Претседател на одборот на Форум ЦСИД; Проф. Д-р Мирјана Малеска- ЈИЕ Универзитет; и г-ѓа Ермира Мехмети Деваја – Член на Парламентот на РМ.

На настанот присуствува претставници од сите релевантни државни и странски институции во Р. Македонија, амбасадите во Р. Македонија, како и претставници на граѓанските организации.

28.07.2009

Школа за политика

Почитувани,

Во периодот од 15-18 октомври во Охрид, се одржа првата сесија на новата генерација на слушатели на Школата за политика, на генералната тема: Основните принципи на политичката култура. Оваа академска 2009/2010 година, Школата за политика брои 37 слушатели селектирани според строгите критериуми на Советот на Европа. На оваа иницијална сесија тие се запознаа меѓу себе и за време на сесијата разменуваа искуства и размислувања на актуални теми. Воедно имаа прилика и да проследат предавања од врвни македонски и странски предавачи на теми како: Македонскиот политички контекст, Извештајот на Европската комисија за РМ, Улогата на лидерите во политичките партии, Мултикултуризам, Медиумите како средство за политичка комуникација, Значењето на граѓанскиот концепт и др.

28.06.2009

„Идеологија, демократија и општествени промени на Западниот Балкан“

На 26 и 27 јуни во Охрид, Промотивна програма за регионално истражување ја одржа својата прва годишна научна конференција на тема „Идеологија, демократија и општествени промени на Западниот Балкан“.

Дводневната конференција всушност претставуваше платформа на која 70тина истражувачи од Западниот Балкан, Бугарија и Швајцарија разменуваа научни мислења од областа на општествените науки релевантни за транзицискиот контекст на Западниот Балкан. Истовремено, таа беше можност за претставување на истражувачките проекти кои се во фаза на имплементација со финансиска поддршка на Регионалната програма, но и за остварување контакти и поврзување на бројните истражувачи од Западниот Балкан. Конференцијата беше организирана од страна на менаџментот на програмата од Универзитетот во Фрибург, во соработка со локалните координативни тела од Босна и Херцеговина (Центарот за човекови права при Универзитетот во Сараево) и Македонија (Фондацијата „Институт отворено општество Македонија“).

За подетални информации за конференцијата кликнете тука

29.05.2009

Промени „одозгора” и „оддолу”: Како да се придвижи евроатланската интеграцијата во перцепцијата на луѓето од Западниот Балкан?

Меѓународниот центар за демократска транзиција, во соработка со Форум - Центарот за стратегиски истражувања и документација од 26 до 28 Мај 2009 организираа напредна истражувачка работилница на тема Промени „одозгора” и „оддолу”: Како да се придвижи евроатланската интеграцијата во перцепцијата на луѓето од Западниот Балкан?

30.03.2009

Одржана II сесија на Школата за политика

Од 26-29 март, во Кочани се одржа втората сесија на Школата за политика. Генерална тема на овој семинар беше Македонија и изборите: Историја на порази и успеси. За време на интензивниот четиридневен семинар, триесетмината слушатели на шестата генерација на Школата за политика, имаа прилика да прослeдат предавања на врвни експерти од Македонија, како и предавањата на гостите г-ѓа Мери Ен Хенеси која е политички советник во Советот на Европа и г-дин Мартин Дасон, заменик раководител и советник во одделението за Република Македонија при Генералниот директорат за проширување на Европската комисија.

Гостин говорник на втората сесија на Школата за политика беше и НЕ г-дин Ален Брајан Бергант, Амбасадор на Република Словенија во РМ, кој зборуваше за словенечкото искуство во процесот на Европските интеграции и за поуките кои Македонија би требало да ги изведе.

Другите теми кои беа обработени на втората сесија се однесуваа на парадоксот на изборниот процес во РМ, изборниот закон и изборната пракса, медиумите и изборите, важноста на предизборните политички кампањи и најчестите манипулации, јазикот на оружјето и историјата на изборните нерегуларности во Република Македонија како и разните аспекти на негласањето. Следната сесија на Школата за политика ќе се одржи во мај во Охрид.

26.11.2007

Позитивни одгласи од првата сесија на Школата за политика

Oglas

Мултикултурализмот и основните принципи на политичката култура беа вистинската тема во вистинско време, коментираа учесниците од петта генерација на првата сесија на Школата за политика која се одржа од 22 до 25 ноември во Скопје. Посетителите на школата се согласија дека принципите на мултикултурализмот во сите негови теориски сегменти, како и од искуствата од праксата, е модел кој обезбедува еднаква и соодветна партиципација на сите категории во кој се организирани граѓаните на една земја со разнолични групи на граѓани кои се определуваат според етничките, расните, социјалните, родовите или некои други заеднички карактеристики.