ВМРО-ДПМНЕ во Декократската Повеќепартиска Македонија на власт е веќе цели 9 години, или половината од перодот во транзицијата
Во сведувањето на тнр.политички биланси, математиката не секогаш е најдобар сојузник, со оглед на тоа што станува збора, сепак, за прецизна наука. Па така, кога се брои, множи, дели, политичкиот биланс не испаѓа како најповолен. Особено не е таков каков што би посакакле провинциските спин-доктори, или скапо платените „странци“! Та така, а како дополна на билансот од поднасловот на овој текст, односно на (не)успесите на оваа партија треба да се додаде и ,,Приватизацијата“ во која, да си го имаме уважението, учествуваа како партија на власт и повелаа да ,,приватизираат“, цели 65% од целокупната општествена сопственост. Од онаа вредност на која што таа беше проценета во 1991-та.
ПО 8 СЕПТЕМВРИ
Празникот 8 септември беше и помина. Деветнаесет се тоа години транзиција, а без членство во НАТО и без членство во ЕУ и, соодветно, економија во распад. Овој прилог кон нашето истражување во рамките на проектот „Досие Груевски” методолошки е насочен и темпиран токму сега, не за да не се расипе празничното расположение, туку само за да ја илустрира дефинитивната конфузија во македонскиот од кон просперитетно општество. Секако сосема е видливо, а се обидуваме да доосветлиме дека, после сите години и прослави на независност, самостојност и што веќе сè не, остануваме на ист курс, на истите, веќе ветви, „тоа-па-тоа” фрази и истите, божемни, приоритети: членство во НАТО; членство во ЕУ; и Рамковен договор како резултат и “решение над решенијата” преточено во Устав. Иако ни се причинува дека е патемно, сепак во сиве овие години, главната преокупација ни е очајничкиот обид да не банкротираме како држава и тоа не заради државата како таква, туку за да не се наруши рејтингот на политичрите. Притоа не прашувајќи за цената. Едноставно, царува логиката: Нека чини колку ќе чини, секако сметката ќе ја плати друг, некоја друга политичка гарнитура!
28.07.2009НИКОЛА ГРУЕВСКИ
Изминаа четири изборни циклуси (два парламентарни, едни локални и претседателски) и на сите нив, со сосема убедливо мнозинство победата ја однесе политичката групација концентрирана околу ВМРО-ДПМНЕ, поточно нивниот водач Никола Груевски.
Јавноста во многу наврати се занимаваше со неговата биграфија, кариера, приватниот живот, политичкото дејствување, намерите, резултатите и што сè не! Но, со оглед на логиката и динамиката, пред сè, на медиумите, на крајот на краиштата испадна дека со Груевски досега најдобро се занимавал Тој самиот, што и под тоа да подразбираме.
17.07.2009Потпишувањето на договорот за реализација на гасоводот именуван со толку многу метафорично име, отвори сосема нова страница во историјата на односите, не само помеѓу државите учеснички во неговата реализација, туку и пошироко.
Од идејата за еден ваков проект до мометот на потпишување на финалниот договор за негова изградба помина една деценија, најблаго речено “детализирања” на модалитетите на траса, изградба, учество. Освен тоа, самата идеја беше повод за многу политика и многу други математики.
Но, сосема е извесно дека од тогаш, а особено од моментот кога низ гасоводот ќе протечат првите количини на гас, се воспоставаше, се воспоставува и ќе се воспостави една сосема нова архитектура на, како односи, така и на сфери во кои влијанијата, било политички, било економски, ќе се мерат со нови мерила. Државите кои се наоѓаат на самиот извор, потоа државите кои се наоѓаат на неговата траса, па се до државите-финални корисници, како на внатрешен, особено на надворешен план, се стекнаа со нови квалитети, а со тоа и со. помалку или повеќе, нагласена улога во вкупните светски релации.
Во исто време, а во врска со овој гасовод, државите кои останаа надвор од стриктната реализација на проектот, се исправени пред задачата наново да ја обмислат својата позиција на светската карта и соодветно да ги насочат своите понатамошни политички и други чекори.
Она што за Европа минатата зима беше ноќна мора (“руско-украинските недоразбирања околу трансферот и цените на гасот”!), во 2013-та година ќе биде минато, односно и Русија и Украина ќе ги доведе до сосема нова позиција. Истото, само во порелаксирана позиција, важи за Германија, Полска и другите држави кои беа “енергетски зависници” и заложници на потенцијалните недоразбирања на “патот на гасот”.
Во овој контекст незаобиколливи се и позициите на Балканските држави и тоа е можеби примарната инспирација на ФОРУМ-ЦСИД темата НАБУКО да ја отвори со покана до сите заинтересирани за учество, најнапред на сајтот, а подоцна и во други облици на размена на мислења.
Во периодот пред нас Ние ќе ги класифицираме сите материјали и идеи со кои располагаме, а се надеваме дека од посетителите на сајтот ќе добиеме корисни сугестии и анлизи.
Ѓунер Исмаил
15.07.2009При доаѓањето на власт во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ наследи ТРИ ПРИОРИТЕТИ од политичката реалност во Македонија:
Пред да го состават својот изборен ПР пред изборите, рејтинг агенциите утврдија дека 78% проценти од македонскиот народ не е задоволен од економските прилики, додека теми како Рамковниот, ЕУ и НАТО ги смета веќе за нормални и секундарни, теми од областа на високата политика. Овие прашања се сметаа повеќе и за работа на самото раководство кое веќе и имаше изградено консензус за овие теми со сите политички партии во земјата.
04.06.2009GLOBAL TRENDS 2025: A TRANSFORMED WORLD
National Intelligence Council, Washington DC, November 2008
Во страниците за уреднички коментари на Фајненшл тајмс, во изданието од 14 септември 2024 година, го читаме воведникот во кој пишува: „Се наоѓаме во нова ера во која владите повеќе не се најглавни…”. Оваа теза се образложува со фактот што новата спогодба за климатските промени е донесена под силен притисок на мрежите на професионални групи, невладини организации и религиозни групи што ги надминале националните, класните и културни поделби кои често ги спречуваат владите да дејствуват во ситуации кога е потребна итна акција. Во еден дел од текстот се споменува и оправданоста на одлуката на Генералното собрание на ООН да прими во свое членство 20 невладини организации кои имаат исти гласачки права како и државите членки на светската организација.
01.05.2009Цела недела размислував како да излезам од стереотипната оценка на нашето не толку убаво секојдневие. И да не ја истурам преголемата горчина која ја чувствувам во душата, нанесувајќи така уште поголема штета на онаа што веќе е направена.
Овде не се работи за судирот помеѓу верско-конфесионалното мнозинство и малцинство, Македонци и Албанци (или како што некој „милува“ да каже Шиптари), Христијани и Муслимани и слично, туку за некои сосема релевантни начела кои ја откриваат суштината на нашето битисување. Тука не би требало да постои компромис и било каков обид сè ова да се оправда и да се завитка во обланда.
03.04.2009Во продолжение можете да го прочитате текстот на Dr. Michael Ruehle - Head of the Policy Planning and Speechwriting Section NATO's Political Affairs and Security Policy Division, по повод 60-годишнината од основањето на НАТО алијансата.